Наш изборНаш ИзборОхрид

Подарок илустрирана Детска православна читанка за присутните дечиња на денешната Богослужба во храмот Св.Никола

Денес по повод празникот Благовештение и Крстопоклопна недела во храмот Св.Никола во село Враништа се одржа Света Литургија. Притоа од страна на свештеното лице Ристе Наумоски на сите присутни дечиња им беше подарена илустрирана Детска православна читанка.

-Денес на сеоопшта радост на сите дечиња нашиот свештеник Отец Ристе ни подготви и ни подари илустрирана Детска Православна Читанка,Книга I Од Создавање на Светот до Големиот Потоп, информираат од Соборниот храм Св.Никола од с. Враништа.