АктуелноОхрид

(ФОТО) Бројни активности за уредување на јавното зеленило од страна на ЈП Охридски Комуналец

Голем број активности за уредување на јавното зеленило
Временските услови, сончево и релативно топло време, поволно влијаат на вегетацијата, па оперативните служби со голем број активности за уредување на јавното зеленило на многу локации во градот и приградските населби
Се косат зелените површини, се кастрат гранки, се отстранува дива вегетација, потоа се отстранува ниска вегетација од тротоари и покрај патеките на следните локации: ул.Кузман Капидан до Плаошник, парк до црква Света Софија, шумски патеки во Стар Град, детски игралишта по ул. Булевар Туристичка и населба Видобишта. уредување во населби Лагадин, Даљан, с. Трпејца, плажа од Метропол до Лагадин, градски кеј и градски парк, ингормираат од ЈП Охридски Комуналец.