Жена на каса лупеше мандарини за да и ги измерат без кора, а продавачот го направил истото, кога требало да ги наплати јајцата
Однесувањето на поедини купувачи секогаш може да не изненади. Имено, една жена мислела дека не треба да плаќа мандарини со се кора.
Жената без никаква непријатност почнала да ги лупи мандарините пред каса и тоа сосема опуштено една по една. Човекот не можел да поверува што гледа. Кога конечно завршила, ги собрала корите од мандарина во една кеса, а од друга страна исчистените мандарини ги ставила во друга и му ги дала на продавачот да ги измери.
Видно незадоволен, продавачот и ги измерил на жената мандарините без кора, но не застана на тоа. Жената имала и пакет со јајца во корпата. Бидејќи ја излупила секоја мандарина, касиерот решил да го следи нејзиниот пример, па зел салфетка и почнал да ги крши јајцата, едно по друго, на касата. Жената веднаш помислила дека се работи за шега, па се насмеала кога касиерот го скршил првото јајце, но кога го скршил второто јајце од пакувањето, таа повеќе не се смеела.
извор: Tv Star – Телевизија Стар