Патниот правец Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица од денеска е отворен за сообраќај за сите видови возила. Тој сезонски се затвора.
– Истиот беше затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15-ти ноември 2023 година, информират од Авто-мото сојузот на Република Македонија.
На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Извор: АМСМ