Наш ИзборНаш изборОхрид

Отворена манифестацијата „Први Детски Прличеви беседи“

Се случи и тоа, во спомен-куќата на Григор Прличев имав чест како заменик-градоначалник на Општина Охрид да ја отворам манифестацијата „Први Детски Прличеви беседи“ во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер Охрид“ и Општина Охрид по повод 25 март 1860 година кога Григор Прличев добива лаворов венец и награда за поемата „Сердарот“ како победник на конкурсот во Атина, по претходно распишани конкурси за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев, напиша на својот ФБ профил заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

🗣️Немир и несоница, нервик, опсипан со неправди, протеруван и затворан, олицетворени на трагичната македонска судбина се синонимите за нашиот Григор Прличев.

✍🏻Стоејќи во родната куќа размислувам за животот Прличев кој згасна тивко во родниот Охрид. Размислувам за неговото детство, отечество, младост, за Сердарот, Автобиографијата, Скендербег, за 1762 летo, Охридскиот џган, за Татковината…

🗣️Нека оваа манифестација со поддршка на Општина Охрид биде посветена на сите храбри мајки кои своите достојни синови и ќерќи ги дојат со патриотски чувства и дух, за да си ја чуваат Татковината, како што ќе рече Прличев:

„Ко ќе ти речит Бог: „чувај се“, многу појќе ти викат да си ја чуваш таткојната. Колку и да бидит чоек нечесен, пак таткојната му е најмила на векот. Зашчо татко имаме еден, а таткојната је многу таткој Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки. Братја, имаме пет или десет, а таткојната је неброани браќа. Еден чоек шчо не си а милвит таткојната појќе од татка и мајка, и појќе от себеси, тој не можит да бидит чесен чоек…“

🗣️Излегувам полека, со поглед в перен на местото каде небото и езерото се спојуваат, слушам како вековите ја ткаат приказната за великанот охридски, за синот македонски, којшто во срцето носеше само едно име – Македонија.

❤️Григор е Прличев, и јас сум Прличев, сите сме Прличев!
🗣️Оратори и рецитатори: Сара Петкоска, Ѓорѓи Целески и Константина Крежеска.
🗣️Поздравна реч: Мирко Томоски и Митре Мангоски-Радождански
🏆Награди и изработка: Астра Дизајн
🏆I. Конкурс за најдобра поетска творба
✍🏻(категорија основно образование)
🥇1. Аспасија Чочороска, VIII одд., ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, ментор: Роза Китрозоска
🥈2. Ана Николова, VII одд., ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино, ментор: Милена Златковиќ
🥉3. Матеј Велков, VII одд., ООУ „Даме Груев“ – с. Ерџелиja, ментор: Катерина Алексова-Наумова
✍🏻(категорија средно образование)
🥇1. Симона Димитриеска, I-7, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
🥈2. Ива Јованоска, IV-3, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид, ментор: Маријана Танеска
🥉3. Давид Цветковски, III-1, СУГС ,,Панче Арсовски’’ – Скопје, ментор: Даниела Јовчевска-Михајловска
🏆II. Конкурс за најдобар есеј
✍🏻(категорија основно образование)
🥇1. Теодора Наумова, VI-2 одд., ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, ментор: Силвија Мојсоска
🥈2. Марко Макалоски, VI-Г одд. ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ – Прилеп, ментор: Љупчо Петрески
🥉3. Христијан Темелков, VII-3 одд., ООУ „Григор Прличев” – Охрид, ментор: Лилјана Ставреска
✍🏻(категорија средно образование)
🥇1. Мартина Настевска, III-2, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
🥈2. Иво Георгиески, I-7, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
🏆III. Конкурс за најдобар рецитатор
🗣️(категорија средно образование)
🥇1. Константина Крежеска, IV-5, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
🥈2. Јована Лазаревска, III-2, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово, ментор: Лидија Ристовска
🥉3. Александар Илиевски, IV, АСУЦ ,,Боро Петрушевски“ – Скопје, ментор: Катерина Јакимовска
🏆IV. Конкурс за најдобар оратор
🗣️(категорија: средно образование)
🥇1. Сара Петкоска, III-3, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
🥈2. Ѓорѓи Целески, IV-6, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
🥉3. Александра Ристевска, I-2, ДСУ „Спортска академија“ – Битола, ментор: Елизабета Јончиќ

Извор: ФБ Перчо Божиновски