На мое особено задоволство како заменик-градоначалник на Општина Охрид имав чест да ја отворам изложбата со наслов „Зелена младина – зелена иднина“ во еден исклучителен амбиент полн со убавина која зрачи од фотографиите што нѐ опкружуваа во Куќата на Робевци.
Авторите низ објективите на нивните фото-апарати и децата од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и ,,Григор Прличев“ создале импресии, преку кои се потврдува дека заштитата на единството на луѓето и природата е иднината на нашата планета, напиша на својот ФБ профил заменик градоначалникот Перчо Божиновски.
Во објавата Божиновски додава:
Со оваа изложба уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност кон езерото, кое е најзначајниот и најубавиот бисер на Охрид.
Охрид и Охридското Езеро се на листата на УНЕСКО, како заштитени природни и културни вредности од светско значење. Овој статус е престижен во светски рамки, но е и голема обврска, затоа што треба да се хармонизираат обврските за заштита на културното и природното богатство и развојот на Охрид.
Ги упатувам моите најискрени честитки до клубот за нуркање ,,АКВАТЕК” и до учениците за нивните ликовни творби на оваа прекрасна изложба.
извор: ФБ Перчо Божиновски