среда, ноември 20, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Охриѓанец пријавил дека е измамен од управител на градежна фирма

На 26.03.2024 во 16.00 часот во СВР Охрид, 40 – годишен маж од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице, управител на градежна фирма, за сума од 25.000 денари.

Според пријавеното, тие се договориле лицето да му изврши градежни работи за што тој му ги дал парите како аванс.

Како што е пријавено, лицето ниту ја завршило работата, ниту ги вратило парите, по што се посомневал дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.