На 26-ти март 2024 година, во 13:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локален пат во струшкото село Радолишта, се случила
сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.
Незгодата се случила помеѓу мопед „Јамаха“, управуван од малолетник од селото Велешта и товарно возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки,
управувано од страна на 43-годишно лице од тетовското село Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во
Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР