Искршени скалите кои водат до црквата Св Богородица Каменско. Оголени старите дрвја во Месокастро. Постарите граѓани од Месокастро реагираат дека скалите кои до сега ги користеле за да се качат во Месокастро комплетно се уништени и неупотребливи, а угорницата им е многу стрмна па имаат проблем да стигнат и во своите домови.
Имено, раскажуваат тие дека скалите ги искршиле големи камиони кои носеле градежни работи за пицеријата која е лоцирана веднаш до Чинарот. Додаваат дека кујната од пицеријата сега се префрлила во објект веднаш до скалите, поради што огромни камиони секојдневно истоварале песок малтер и останата градежна опрема додека се реновирал објектот за пицеријата.
Месокастрани бараат веднаш скалите да се обноват.