СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (27) години од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Тој, на 17.02.2024 на улицата „Серафим Китаноски“ во Охрид со запалива течност предизвикал пожар на паркирано патничко моторно возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Шумска полиција – Охрид.