сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

Левица: На граничниот премин Ќафасан јарболот празен и државното знаме фрлено на земја

Празен јарбол, државното знаме истуткано и фрлено на земја – ваква е сликата во моментов на Граничниот премин, Ќафасан, се вели во објавата од Левица.

Во продолжение истата ја пренесуваме во целост:

По уредувањето на влезот и излезот во и од државата се проценува системот. Оттука, македонскиот е трул со самоуништување и непочит кон националните обележја. Државните симболи во континуитет се деградираат, со крајно непочитување и кршење на законите од страна на властите.
❌️Прекршен е член 19 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, според кој: ,,кога знамето е спуштено, ниеден негов дел не смее да го допира подот…” Знамето на сликиве не само што е фрлено на земја, туку е и извалкано со кал. Фотографиите ни ги пратија ЗАГРИЖЕНИ сограѓани, за кои, единствено, Левица е гласот на народот. Единствено, Левица се бори за националните интереси.
📣#Левица апелира до техничкиот министер Панче ТОШКОВСКИ веднаш да реагира за ваквото кршење на законите и да утврди одговорност од лицата кои дозволиле вакво непочитување на државните симболи!

извор:Левица