АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Ванчо Костоски ги демантира обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ

По повод вчерашната прес- конференицја на Вмро Дпмне би сакал да го дадам следново соопштение
Ј.П. Градски Гробишта е јавно претпријатие кое стопанисува со Градските Гробишта во Oхрид
Покрај другите приходи кое ги има ова јавно претпријатие едни од најважните по сума се следниве 3
1 Приходи од продажба на гробни места
2.Приходи од годишна гробарина
3. Приходи од надворешни услуги (работа за општина)
Во секој случај кој сака да добро менаџира со ова јавно претпријатие мора да обрати внимание на овие ставки
Во посочениот случај точно е дека се ПРОДАДЕНИ гробни места по цени согласност ценовникот на Ј.П.(а незнам како поинаку) на правен субјект и истите се ПЛАТЕНИ до денар и средствата се легнати на сметка на ова Ј.П. и претпријатието има корист од таа продажба, а гробните места после продажба се сопственост на купувачот и тој располага со нив
Иако во минатото се имам произнесено за работата на ова Ј.П. би сакал уште еднаш на кратко да објаснам
Средствата од горе наведените ставки се употртебени за следново
1.Враќање на долгот на ова Ј.П. кое го затекнав во износ од некаде 7 500 000 денари
2.Прво јавно претпријатие кое ја одблокира својата сметка и работше 4 години со добивка
3: Зголемување на платите на вработените како резултат на продуктивно работење во висина од 35 % кај администрација и околу65% кај работниците без денар субвенции од Општина и најважно без гледање на партиска припадност што денес е незамисливо
4 Изградба на фотоволтаична централа која работи со профит и веќе за 2 години е исплатена сама по себе(само од продажба на ел. енергија има профит од 5000 еур за 2 години)
5.Прв пат намалување на цена за користење на комора од 60 на 45 ден како резултат на заштеда на електрична енергија за разлика од денес кога сите цени се зголемени во висина од некаде 65 %
6.Изградба на систем за греење на пелети со што се заштеди во трошоци за греење
7.Набавка на транспортно возило форд (БЕЗ ПАРИ)
8.Набавка на транспортно возило комби oд Aгенција за запленет имот (донација)
9.Отстранување на земја и шут околу 4000 км3 со спонзорства (заштеда околу 15 000 еур)
10 Најниски цени на тендери во историјата на ова Ј.П.( заштеда околу 70 000 еур за 4 години)
Во ноември 2021 година кога си заминав од ова Ј.П. на Жиро сметка оставив скоро 1 000 000 ден а побарувањата кон локалната самоуправа беа околу 2.300 000 ден или се заедно оклу 3,300 000 ден или околу 2 плати
Ова само накратко
Ова се постигнува само со посветена и чесна работа и никако поинаку
По однос на посочениот член кој беше наведен можам само да кажам дека и години пред мене и во периодот кога јас бев на чело на ова Ј.П. а и периодот после мене се продаваа гробни места без при тоа да има смртен случа .Последната таква продажба беше во текот на вчерашниот ден.

Со Почит
КОСТОСКИ ВАНЧО