Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Пролетта пристигна, но на секој чекор слики како доказ за неодговорно депонирање зелен отпад

Пролетта пристигна, но за жал наместо да уживаме во будењето на природата, на секој чекор слики како доказ за неодговорно постапување на поединци со зелениот отпад
➡️Се средуваат градините и дворовите, па голем дел од зелениот отпад завршува или во контејнерите, или покрај контејнерите
‼️Апел до граѓаните да се јават на
дежурниот телефон за пријавување на проблеми околу собирање на кабаст и зелен отпад тел. 075-485-428 за надминување на овие проблеми, зошто нивните градини се уредени, но останува отпадот кој секојдневно го гледаат сите граѓани, информираат од ЈП Охридски Комуналец.