сабота, ноември 16, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Зошто СДСМ два дена молчи за обвинувањата околу фамилиите на функции и вработувањата роднини ? !

Два дена од како ВМРО ДПМНЕ започна на прес конференции да објавува имиња и презимиња од сопружници членови и активисти на СДСМ кои се поставувани на директорски функции, како и од цели фамилии за кои ВМРО ДПМНЕ тврди дека се вработувани фамилијарно во државни институции, од СДСМ нема никаков одговор и никаква реакција во јавноста.
Едноставно партијата повторно „тихна“ , а претседателката Кристина Крлеска Деспотоска која партијата ја рангира на второ место во пирамидата на моќта при располагањето со државните работни места во Охрид, не се појавува во јавност со реакција.
Не реагира ни ПР службата на партијата која исто така се најде во оваа шема на партиско брачни директори, и настанат е целосен молк околу оваа афера.
И додека тие молчат, ВМРО ДПМНЕ за денес закажа прес конференција на која се поканети медиумите, а која ќе се одржи пред зградата на Обвинитеслтвото во Охрид.