петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Притвор за осомничениот за подметнување на пожарот во угостителскиот објект во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20 годишен Скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.