петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Скопјанец со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Судија на претходна постапка на лицето  му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.