Охриѓанецот Стојмир приреди несекојдневно ноќно запросување за својата сакана Ангела. Имено синоќа се беше подготвено за изненадувачкиот чин кој Ангела ќе го памети целиот свој живот.
На островото пред поранешниот хотел „Палас“ со црвени факли во рака неговите најблиски другари од двете страни ја обоија патеката сред езеро со црвен пламен а на крајот од патеката Стојмир со прстен во раката , клекнат ја пречека Ангела.
Дополнително амбиентот беше збогатен со огномет.
Ова е може да кажеме прво вакво ноќно запросување . На младите им посакуваме многу љубов, среќа и разбирање во заедничкиот живот.
https://www.youtube.com/watch?v=inaYtzf_vwo