Сообраќајна несреќа кај Рача. Читателите на Охрид 1 кои ни ги испратија фотографиите и кои воедно се и очевидци велат дека во несреќата учествувале две возила кои возеле над пропишаните правила и прописи за населено место. Тие уште додаваат дека едното возило се оддалечило по несреќата, а другото сеуште е на местото.
Инаку како што многупати до сега пишувавме на овој потег има често сообраќајни несреќи поради тоа што учесниците во сообраќајот не ја прилагодуваат брзината према условите.
Имено жителите од Рача долго време бараат надлежните да постават успорувачи на брзина на овој патен правец. Но, патот не е под надлежност на локалната туку под надлежност на државната агенција за патишта, а исто така станува збор за регионален пат. Па поради тоа прашањето на успорувачи на брзина се префрла од локално на централно ниво и обратно.
Се додека не се најде соодветно решение за поспоро управување на автомобил во населено место и покрај јасно поставените сообраќајни знаци кои очигледно не се почитуваат останува возачите да бидат совесни.
Инаку во пресрет на долгогодишна потреба на жителите од Рача за изградба на тротоар на коловозот кон Охрид им излезе Локалната самоуправа и покрај тоа што не е во нивна надлежност. Имано согласно проектот предвидено е торотоарот да е во должина од 600 метри и да биде ограден со рабници. Вредноста на зафатот е 2 300 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните зафати е ЈП “Нискоградба”.
„Градежните работи во целост треба да бидат завршени за за брзо време.