петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Курајчката минатогодишна маска прогласена за најмаска на карневалот во Прилеп

Прилеп веќе пулсира во карневалски ритам. Викендов се одржува карневалот “Прочка 2024”, а во пресрет на утрешното дефиле се потсетуваме на една од најкреативните маски од минатата година.

Кога Тито и Јованка од охридското село Куратица пристигнаа на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, изнудија голем број аплаузи, а прилепчани носталгично се потсетија на деновите во бивша Југославија.

За маската да биде комплетна, маршалот пристигна со бел Мерцедес, а зад него го придруживаше и неговата гарда.

 

markukule.mk