Наш ИзборНаш изборОхрид

Без вода корисниците во населбата Црногорци, поради настанат дефект

Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф300 мм), денес од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците во населбата Црногорци.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување со санацијата, информираат од ЈП Водовод Охрид.