На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид на дневен ред беа годишните извештаи и завршни сметки на образовните институции, јавните претпријатија и програмите на општинските одделенија, се вели во соопштението од Левица.
Во продолжение го пренесуваме истото во целост:
ЈП Градски пазар и ЈП Охридски Комуналец и покрај покачените цени на услугите повторно поднесоа завршни сметки со ЗАГУБИ. ЈП КОМУНАЛЕЦ 12 милиони денари, дури два пати поголема загуба од минатата година кога работеле со загуба од 5 800 000 евра.
Директорот на ЈП Охридски Комуналец покажа најслаби резултати во овие две години, вклучувајќи ги тука и огласите за јавни набавки, пр. багерот од 1987 година набавен по цена од 53 000 евра, иако реалната негова вредност е 8 – 10 илјади евра. Според тоа, секој неуспешен директор треба да има морална одговорност и да си поднесе оставка.
Освен тоа, покрај другите трошоци, јавните претпријатија продолжуваат да ги трошат парите на охриѓани за непотребно рекламирање по медиуми. Во медиумите можат само да се соопштуваат известувања во случај на дефекти.
Според овие завршни сметки излегува дека охриѓани плаќаат повисоки сметки заради предизборните вработувања, кои претставуваат дополнителни трошоци за ЈП кои ги трошат народните пари!
извор: Левица ЛО Охрид