петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Ослободителни пресуди за адвокатот Тони Менкиноски и Александар Ѓурчев кои истакнаа знаме со сонцето од Кутлеш

Ослободителна пресуда за адвокатот Тони Менкиноски кој беше обвинет за нарушување на јавниот мир и ред на празникот Водици, откако го развиори знамето со шеснаесетзрачното сонце во Охрид.

И денеска на судењето Менкиноски истакна дека не се чуствува за виновен бидејќи тоа не е спротивно на ниту еден меѓународен договор, ниту закон и подвлече дека сите оние во кои веруваат во македонската кауза ќе се потрудат да го вратат ова знаме како државен симбол на Македонија.

Истиот суд донесе ослободителна пресуда поради недостаток на аргументи и за Александар Ѓурчев кој истакнал големо знаме со сонцето од Кутлеш на плоштадот кај Горна Порта во Охрид.

 

denesen.mk