АктуелноОхрид

Подгответе се за големиот стенд АП митинг во Охрид!

Без притисоци и списоци, без телфонски повици и без сендвичи и комбиња! Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски пред преполната сала во Марко Цепенков, од Прилеп ја започнаа својата кампања за спас на Македонија!

Префинет, политички, интелигентен хумор, по текст на маестро Божидар Божиновски. Перформанс кој наиде на одличен прием кај пребирливата прилепска публика. Испратени со овации и голема поддршка во нивниот поход да го разубават бар за тие час и половина секојдневието во овие тешки времиња.

Митингот во Охрид е следен на агендата. 23.03. Театар Охрид, 20ч

Картите (400ден) се во А2 Тобако и Даблин паб. Над 200 се веќе продадени.
Реприза на ова шоу нема да има, поради обврските во следниот период на актерите.

Поврзани вести …

Стенд ап предизборна кампања – влезот е без пасош, по моделот еден плус тројца неопределени! Побрзајте третина од салата е веќе распродадена

(ВИДЕО) Одличен настап на Бојан Велевски синоќа во Охрид – позитивна енергија и смеење „до солзи“