петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Кукунеш: Рамис Мерко е олицетворение на правосудниот колапс

Осум години после навидум наивната идеја водена од мотото „Нема правда, нема мир“, Македонија ги живее најбизарните години затоа што правдата е селективна, а мирот го плаќаме премногу скапо, порача денеска Никола Кукунеш, член на Советот во Општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Олицетворение на правосудниот колапс е Рамис Мерко, човек чии судски предмети чудесно застареа или беа сторнирани. Сенката што останува да виси врз неговото име е тоа што САД го ставија на црна листа, но тоа не го спречува да владее како што знае, непочитувајќи ни закон ни држава. Стружани не беа неми на хаосот кој го создаваше, напротив поднесоа низа претставки, меѓу кои и оние за бесправното узурпирање на зградата на старото општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ и за бесправното подигање споменик (од страна на друга држава). Со полно право народот вели дека немаме држава, бидејќи самоволието на Мерко оди дотаму што пред неколку дена, спротивно на законските одредби, постави ново спомен-обележје, оваа плоча не само што е поставена надвор од секаква законски пропишани процедури, туку е свесно и тенденциозно направено за да се повредат чувствата на сите, не само на македонскиот народ. На зграда заштитена од Управата за заштита на културното наследство во која се школувале генерации и генерации ученици во текотна речиси 80 години. Надвор од секаква правна основа, без одлука од страна на Советот, без согласност од надлежните институции, целосно спротивно на она поради кое тој објект е заштитен како културно наследство. Поставувањето на оваа плоча е кривично дело согласно член 319 од Кривичниот законик. Сите овие наводи ги засегаат редица институции кои по сопствена иницијатива и службена должност веќе требаше да реагираат, истакна Кукунеш.

Според негов, доколку на следните парламентарни избори нема промени, кој знае што сѐ ќе изникне или засекогаш ќе исчезне.

– Рефлексија на нефункционалноста на системот е тоа што Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, овластениот градежен инспектор при Општина Струга, Државниот инспекторат за локална самоуправа, Министерството за култура, Инспекцискиот совет и Уставниот суд на Република Македонија се огласија за ненадлежни. Како одговор на тоа, Мерко, охрабрен од таа нефункционалост и заробеност на системот, со ново самоволие и кршење на законите, прави нови кривични дела. Укажуваме на тоа и при реакцијата на претходните случаи, затоа што не смее да му се дозволи да ширии меѓуетничка тензија и да разгорува национална омраза, со поставувањето на плоча со која се слави настан кога окупаторските власти на фашистичка Италија и Кралството Албанија во 1941 година отворале окупаторски училишта со цел да денационализираат и асимилираат. Тоталната дезориентираност на владата предводена од СДС и ДУИ, ги урниса сите аспекти на државност. Се чини дека картели и кланови ја водат државава која бележи континуиран раст единствено на полето на енормно богатење на мал круг луѓе и емиграцијата на сѐ што е вредно. На Македонецот никогаш не му било полошо и потешко. Промената на власта е единствениот начин да си ја вратиме државата, порача Кукунеш.