Наш ИзборНаш изборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: СДС Охрид да се извини јавно за навредите кон просветните работници во Гимназијата

СДС Охрид,
Главни уништувачи во образованието, на чело со вашиот џелат, на која ѝ завршува засекогаш неуспешната пратеничка авантура, навистина го пробивте дното и веќе е време за ваша опсервација.
Добро е што прочита целата јавност за вашата безобразност и нечовечност кон просветните работници, што впрочем е ваша одлика и во вашето раководење со образовните институции.
Веднаш да се извините кон сите просветни работници за мизерната навреда со несмасната реченица:
„Охридската Гимназија не заслужува да ја газат полуписмени просветни работници“!
ВМРО-ДПМНЕ застанува зад сите просветни наставници кои чесно си ја заработуваат платата, а не заради милостината на СДС, и се срами што политичката кулутра на СДС преку нивните партиски пиуни се сведе на задоцнета реконструкција, безобразие, заведување малолетници, неизвршување на наставните обврски или пак во алкохолизирани состојби и уште многу други ниски и мизерни постапки.
Од една страна молите кај Градоначалникот и Заменик-градоначалникот низ општинските ходници за помош за Угостителското, од друга страна фрлате со камења по истите.
Да ве просветлиме бидејќи сте политички неписмени дека согласноста за оформување паралелки под законскиот миниум ја даде Советот на Општина Охрид по претходна добиена согласност од МОН, а во која стоеше една паралелка помалку што токму вие ја скративте.
Како што си милувате, во дувлото во Регионалниот партиски центар ви фалеше уште поранешниот заменик-градоначалник од вашите редови и можеби токму сега се комплетиравте, е дури сега којзнае кога ќе се комплетира реконструкцијата.
Откако ваша нога стапна во Угостителското, во Собранието, така и настана секаде погром и пустош.
Откако наша нога излезе од сите тие места така започна уназадувањето и пропастот со вас!
До каде што влеговте сѐ уништивте, а таму каде што ние влеговме секаде започнаа промени и дела.
За брзо завршува агонијата, само за жал за вашата болна опседнатост нема решение, ама има спас со вашиот пораз на избори што следува засекогаш да се тргнете од образованието и да се спасат и учениците и наставниците.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид