Наш изборНаш ИзборОхрид

ОО СДСМ: Охридската Гимназија не заслужува да ја газат полуписмени просветни работници

Кој ја уништи Гимназија?
Потребниот законски минимум за формирање на паралелки е 25 ученици.
ДАЛИ во Гимназија се дозволија паралелки и со 15 ученици⁉️
Дупло помалку од потребниот минимум❗️

За уништување на најреномираната средношколска институција вината барајте ја во кадровска политика на ОК на ДПМНЕ во Охрид, се вели во реакцијата од ОО СДСМ Охрид.

Во продолжение на истата се додава:

Охридската Гимназија не заслужува да ја газат полуписмени просветни работници.
Ниту служби во кои вработените се сликаат полу голи и јавно постираат такви фотографии.

Охридската Гимназија НИКОГАШ не дозволила било кој ученик да биде заборавен за полагање државна матура, а тоа лани и се случи благодарение на раководниот кадар од ДПМНЕ.

Охридската гимназија не заслужува да биде дувло на вмровци предводени од заменик градоначалникот кој своите лични фрустрации ги лечи на многу болен начин баш во институција која со години важеше за најреномирана Гимназија во државата. Како што стапна во неа, така и бројките на ученици почнаа да намалуваат.

Охридската Гимназија не го заслужува ова што и се случува откако со градот раководи најслабиот вмровски ешалон.

извор: ОО СДСМ Охрид