АктуелноОхрид

Жена во продажен објект во Охрид платила со фалсификувана банкнота од 100 евра

На 04.03.2024 во 11.20 часот во СВР Охрид, сопственичка на продажен објект во Охрид пријавила дека на 03.03.2024, едно женско лице за купените производи платило со банкнота од 100 евра. Како што е пријавено, откако отишла да ја размени банкнотата во менувачница и било кажано дека е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.