На 01.03.2024 година во 23.10 часот, во близина на охридското село Опеница, приведен е 23 годишен Охриѓанец. При преглед во моторно возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки што, тој го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид