недела, ноември 17, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

Левица: Собирање на потписи за поддршка на претседателската кандидатка проф. д-р Билјана Ванковска

Во тек е собирањето на 10.000 потписи за поддршка на  проф. д-р. Билјана Ванковска – кандидатка од Левица за Претседателка на Република Македонија на престојните претседателски избори, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
КАКО МОЖЕ ДА СЕ ПОТПИШЕТЕ:
Понесете лична карта или пасош за идентификација во подрачната канцеларија на ДИК;
Упатете се во просториите на ДИК во зградата на Општина Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 57, Охрид.
Известете ги вработените во ДИК дека сакате да се потпишете на Образецот за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Македонија за Билјана Ванковска-Цветковска;
Покажете го својот документ за идентификација и внесете го вашето име, презиме, матичен број и потпис на образецот.
РАБОТНО ВРЕМЕ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ДИК: Од понеделник до недела (секој ден вклучувајќи викенд) од 08:00 до 20:00 часот.
Со почит,
Левица ЛО Охрид