АктуелноОхрид

(ФОТО) Заврши активноста за едукација во основните училишта, како дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина, основците ги надградија своите знаења за проблемот со кој се соочува Охрид

Во период од 19.02.2024 до 20.02.2024 година се заврши активноста за едукација во основните училишта, како дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина”🌱, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид.

👫 Учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и подрачното училиште во населба Далјан, во два наврати, беа учесници на едукативните работилници / презентации на кои се презентираше проблемот со цврст отпад во Охридското Езеро.

📚 Со визуелни содржини ги надградија своите знаења за проблемот со кој се соочува градот Охрид, се информираа за штетите и последиците кои ги предизвикува тој проблем – цврст отпад во Охридското Езеро. Се поттикнаа да градат позитивни навики кон животната околината и да носат одговорни одлуки во зачувувањето на светското културно и природно наследство – Охрид и Охридското Езеро. 🌊

👏 Пофалби за успешните ученици – нашата Зелена Младина💚. Благодарност до искрено преданите учителки и целиот училишен колегиум.

📌 Проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската унија (Delegation of the European Union, Skopje), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK). Проектот “Зелена младина – Зелена иднина” е кофинансиран од Општина Охрид.