АктуелноОхрид

Приведена 23 годишна Кумановка – се сомничи дека во трговски објект во Струга извршила кражба

На 19.02.2024 во 10.10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 23 годишна Кумановка. Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против кумановката ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР