Охрид SOS објави видео на кое се гледа како се уништува брегот од Струшка страна.
Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат дали се применуваат и дали важат законите во Струга, а од друга страна Охрид трпи огромен притисок.
Кога ќе се спомене УНЕСКО веднаш асоцијацијата е Охрид, каде се бара „влакно“ во јајцето, а во Струга и Албанија се прави се само да се запоседни што поголем дел од брегот. Каде се надлежните, дали следат што се случува?