АктуелноОхрид

Приведен жител од Велгошти кој агресивно се однесувал кон полициските службеници

На 13.02.2024 во 23.15 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 27 годишно лице од охридското село Велгошти, кој претходно агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид