недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за 28 годишен Охриѓанец – во неговиот дом полицијата пронашла марихуана и предмети со остатоци од кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. При претрес, извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и предмети со остатоци од кокаин.

извор: СВР Охрид