Во јануари 2024 година, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродромa, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи 243.244 патници и 1.931 летови.
Бројот на опслужени патници во јануари ги надмина бројките од 2023 година за 47%, додека бројот на летови во јануари 2024 е за 38% поголем од јануари во 2023 година.
извор: ТАВ Македонија