Локалната власт предводена од ДПМНЕ предизборно ја исклучува јавноста од седниците. Денешната 38 Седница на Општина Охрид не беше пренесена во живо ниту на YouTube, ниту на Фејсбук страницата на охридски локален медиум, а нема ни зачуван видео запис. Преку овој потег денес, умре демократијата во Советот на Општина Охрид, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во продолжение на истото се додава:
Локалниот огранок на Политичката партија Левица потенцира дека Охриѓани имаат право да бидат информирани за работата на Советот на Општина Охрид и локалната власт предводена од ДПМНЕ не смее да ја изолира јавноста од случувањата во Советот, затоа што советниците се избрани од народот, а народот мора да има увид за нивната работа и начинот на гласање на Дневниот ред.
извор: Левица ЛО Охрид