Денешната седница на Советот на Општина Охрид, заврши во рекордно брзо време. Пред советниците беа триесет и седум точки на дневниот ред, од кои првите две се однесуваа на развојната програма за капитални инвестиции во основното образование и одлука за годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор за тековната година.
Останатите точки од дневниот ред се однесуваа на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид. Без поголеми дискусии, советниците со големо мнозинство ги изгласаа сите точки.