Наш изборНаш ИзборОхрид

Приведени две лица кои го нарушиле редот и мирот пред угостителски објект

На 11.02.2024 година во 00.40 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се  лица на возраст од (26) од селото Слатино, општина Дебрца и  лице на (25) од струшкото село Биџево.

Тие, претходно во, а потоа и надвор од објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со викање, агресивно однесување и меѓусебна тепачка.

По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.