Градежна механизација го расчистува просторот на ридот кај Горица каде треба да се гради хотел. Ова земјиште е продадено на приватна компанија уште пред десетина години, а компанијата која треба да инвестира во луксузен хотел повеќе пати го одложи почетокот на работите, но секоја година уредно ги измирувала сите обврски кон општината кои произлегувале од преземените обврски во договорот.
Дали конечно ќе почне градбата на овој хотел останува да видиме.