АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Денеска две интервенции на ТППЕ

Охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) интервенираше на два локации Утрово гаснеше пожар во куќа на Кеј „Македонија“, а вечерва, нешто по 19:00 часот интервенираа на пожар во куќа на улицата „Македонски просветители“, наспроти судот.

Според првичните, неофицијални информации, во двата случаи станува збор за интервенции на запален оџак.

 

Од противпожарната служба постојано апелираат до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат оџаците, за да не дојде до несакани последици.