Српската заедница од Охрид, денеска напладне во хотелот „Сити Палас“, го одбележа големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.
– Денес, по 17-ти пат го прославуваме празникот Свети Сава, првиот српски архиепископ. Тој во светски рамки се изборил за самостојна Српска православна црква и токму поради тоа, ние како здружение го одбравме Свети Сава, да биде слава на нашето здружение. Во Србија го прославуваат како ден на образувањето, а ние како крсна слава, истакна Среќко Стојановиќ, претседател на српско-македонското друштво во Охрид.
Тој испрати честитка по повод празникот на сите православни верници, кои го славеат денот.
– Нека е среќна славата и за многу години, порача Стојановиќ.
извор и фото: ohridpress.com.mk