Наш ИзборНаш изборОхрид

Работна средба во ОЕМУЦ Св.Наум Охридски на тема „Учи паметно- работи стручно“

Општина Охрид и локалната самоуправа, активно работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите.
Компаниите и нивните потреби од стручен кадар ќе имаат најважна улога при дизајнирање на наставните програми. Со цел да се идентификуваат истите, се повикуваат компаниите да земат активна улога во целиот процес преку давање на предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите каде што компаниите делуваат.
За таа цел на 31.01.2024 година (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи работна средба на тема „Учи паметно-работи стручно“. На оваа средба поздравен говор ќе одржи Градоначалникот на Општина Охрид, г-нот Кирил Пецаков, а свое излагања ќе има Раководителот на Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита, Димитар Спасески. Позитивните искуства и образовни профили ќе ги презентираат директорот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, Сашо Недески, директорот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид, Ристе Јанкоски и директорот на ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, Марјан Радески. Своите искуства и согледувања ќе ги пренесат и учениците и компаниските ментори.
Предлог теми за кои ќе се споделуваат мислења како дел од овој социјалниот дијалог се следните:
Какви профили на кадар, односно вработени со какви знаења и вештини им се потребни на компаниите
Дали компаниите би примиле ученици на практична настава (од кои струки/профили)
Кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава и предлози како истите да се надминат
Каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата, информираат од ОЕМУЦ Св.Наум Охридски.