АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Во Охрид се формираше Општинска организација на Движење ЗНАМ, за претседател е Мите Костески

Вчера во Охрид се формираше Општинска организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Нашата визија за Македонија е самоодржлива држава, со сопствени модерни капацитети за производство на електрична енергија и за производство на храна, развиено земјоделство, одржлив раст и развој; Македонија со нулта толеранција за корупцијата, каде што правдата мора да биде еднаква за сите и законот да важи за сите; Македонија која ќе гради соживот, толеранција и солидарност помеѓу сите етничките заедници, односно мултиетничко, а не биетничко општество, порача Максим Димитриевски, претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и актуелен градоначалник на Општина Куманово.

За Претседател на Општинската организација во Охрид избран е Мите Костески. За членови на извршен одбор избрани се: Михајло Ванкоски, Лидија Стојановиќ, Драган Танаскоски, Гоце Богданоски, Елизабета Баракова, Ѓоко Пројкоски, Горан Трајкоски, Сања Лазареска, Митко Новески, Марина Ѓоргоска, Елена Ристеска, Александар Кироски.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија активно работи на отворање на повеќе општински организации низ државата.

“Целта е до Kонгресот, кој што ќе се одржи некаде на крај на Февруари, или прва недела на Март да имаме формирано општински организации најмалку на половина од територија на државата. Овој Конгрес ќе биде и наш прв Конгрес, но ќе има и одредена форма на Конвенција, ќе бидат избрани целосно нашите органи и тела, на извршен и централен одбор, но покрај тоа ќе бидат промовирани и нашите носители на кандидатските листи за пратеници за сите 6 изборни единици и ќе биде промовиран и нашиот кандидат за Претседател на држава, што значи дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе има свој кандидат за Претседател на следните претседателски избори”, потсети Димитриевски.