петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Тешко повреден 42-годишник од струшкото село Велешта

Тешко повреден е 42-годишник од струшкото село Велешта, откако работната машина која ја управувал, излетала од патот, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во ОВР Струга вчера било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во село Враништа, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од лице од село Велешта, струшко, излетала од патот.

Во несреќата, лицето  се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, појаснуваат од МВР.