петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Привршуваат подготовките за претстојниот празник „Богојавление – Водици“.

Денеска, екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат централното градско подрачје и градското пристаниште и исто така се врши дополнително чистење на делот од пристаништетот каде ќе влегуваат капачите.
На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај бројните охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.
По чинот на Богојавленскиот водосвет, околу пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Некст Тајм“, срои во објавата од градоначалникот Кирил Пецаков.