После смртта на едно дете, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години. Tаму се среќава со проблемите од неговото минато.
Илија Пиперкоски го напиша и сценариото за филмот и успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.
Во филмот играат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски.
telma.mk