АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Денес се празнува Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички

Родум од Штип. Вo 1963 година замина на Света Гора. Беше замонашен во манастирот „Свети Павле“. Сето време додека престојуваше на Света Гора избегнуваше контакти со луѓе. Меѓутоа, неговиот престој таму не траеше долго; мораше да се врати во својата родна земја и се насели во Лесновскиот манастир.

Никогаш не му даваше одмор на своето тело – речиси никогаш не спиеше, а и кога спиеше, секогаш лежеше на земја или на тврда рогозина. Иако многу строго постеше и беше многу слаб, поседуваше голема виталност и енергија. Редовно ги служеше сите богослужби во манастирот и непрестајно се трудеше во подвигот на умно-срдечната молитва.

Тишината и самотијата беа негови постојани сотрудници, затоа и често ги користеше двете ближни пештери. Од Бог доби дар на прозорливост и чудотворство. Во 1989 година беше ракоположен за Епископ со титула Велички. Иако отсекогаш копнееше и прибегнуваше кон тихување, сепак, од послушание го прифати епископскиот чин.

Си ја предвиде својата смрт и самиот си отслужи четириесет заупокоени Литургии. На 12 јануари 1990 година, со Евангелието, кое постојано го читаше, и со крстот на гради, а во раката – бројаница, мирно Му ја предаде својата душа на Бога.

Беше погребан зад олтарниот дел манастирот, покрај својот телесен татко и духовен син, монах Кирил.

 

denovi.mk