АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Неколку земјотреси почувствувани во Охрид

Неколку земјотреси ноќеска беа почувствувани во Охрид и регионот на Преспа. Најпрво земјотрес со јачина од 3,7 степени според Европската макросеизмичка скала регистриран е вечерва 32 минути по полноќ во Охридско-преспанскиот регион.

Според информациите кои може да се добијат од онлајн специјализираните сајтови за земјотреси,  епицентарот на земјотресот бил 22 километри југоисточно од Охрид, односно 16 километри јужно од Ресен, а хипоцентарот бил на длабочина од 6 километри.

Еден час подоцна, во 01:31 часот, во истото епицентрално подрачје регистриран е уште еден потрес со јачина од 3,1 степен.