Наш ИзборНаш изборОхрид

Симбол на плодност и среќа, што да направите со бадниковото гранче по празниците?

За Бадник е обичај да се стават бадникови гранчиња во домот и на вратата. Знаете ли што се прави со бадниковите гранки по третиот ден Божиќ?

Треба да се запали и да се остави да изгори во шпоретот дома. Оганот претставува плодност и многу помага.

Исто така, треба да сочувате и малку пепел од изгореното бадниково гранче.

Се верува дека е многу лековит, па помешан со вода помага за главоболка.

БАДНИК го најавува големиот христијански празник Божиќ. Тој ден бадниково гранче внесуваме во нашите домови, а семејството се собира на посна вечера.

Многу обичаи за Бадник се пагански, а црквата подоцна им дала христијанско обележје. Обичаите околу Бадник ги наследивме од своите предци и уште ги одржуваме. Ова се некои од верувањата кои останале до денес:

-На бадник треба да се јаде афион, бидјеќи се верува дека ќе им донесе многу пари на оние кои го јадат.

-Оние кои во текот на годината се скарале со некој, на Бадник простуваат и се смируваат и тоа е вистински дух на традицијата

-На Божиќ човек не треба да се опие бидејќи се смета дека ќе биде пијан цела година.

-За Бадник се кршат ореви за да се види каква ни е среќата, здравјето, а кога се скршат се фрлаат по ќошињата на собите, за да кокошката изведе многу пилиња, а ако се фрлаат цели ореви, тогаш јајцето ќе биде расипано.

Има уште многу разни обичаи, но ние ги издвоивме најинтересните за вас.

Утре е големиот христијански празник Бадник. Откако коледарите ќе пеат на нашите врати, и ќе донесат радост и смеа, навечер сите треба да седнеме на посната трпеза и да бидеме со семејството.

На бадниковата трпеза треба да има погача со паричка, посно гравче, посна сарма, суви пиперки, салата од компир или кисела зелка, печена тиква, баклава, посни колачиња.

Секако пригответе и други посни јадења по желба. Ставете на трпезата и бадникови гранчиња.

 

idol.mk