Наш ИзборНаш изборОхрид

Соопштение и покана за Божикните празнувања од Бигорски манастир

Четврток (22 декември / 4 јануари)– 6:30

 – Утрена и Божествена Литургија во спомен на Свети Наум Охридски.

(Во согласност со црковниот богослужбен типик, службата на Свети Наум се префрла од петок во четврток, бидејќи во петок не се служи Божествена Литургија, туку Царски Часови)

 

Петок (23 декември / 5 јануари)
– 06:30 – Утрена богослужба со Царски Часови за Рождество Христово

– 16:00 – Вечерна богослужба

 

Сабота (24 декември / 6 јануари)
– 6:30 Утрена со Златоустова Литургија.

– 15:00 Празнична Вечерна богослужба во чест на Рождеството Христово

– 18:00 – 19:30 ч. Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди

– 21:00 ч. Сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово (Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Василева Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј)

 

На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата Свештена Обител, заедно со монашкото братство.

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител